LadyM68's blog

LadyM68
55, Macedonia

02.06.2014


Ако така фино те замолам, знам дека ништо нема да направиш !

Но затоа пак од инает, истото би го направил иљадници пати повторно и повторно ...

Кретино!






Како да му објаснеш на мозокот дека е убаво понекогаш да биде и невработен?


*****


Изговорите се потрошен материјал ...


*****


Побрзо ќе најдеш еднорог отколку огледало на кое никој не се сликал.


*****


Не сум одговорна за сите пораки кои сум ги испратила ... особено не, за оние кои се испратени пред второто кафе.


*****


Свести се еднаш. Твоите очекувања не се мои ветувања !


*****


Секое расправање на интернет е натпревар во брзо пишување.


*****


На патот кон успехот, најмногу те спречуваат убавото воспитување и Кривичниот закон.







П.С.Убаво расположение и позитивни мисли Топџии.


04.11.2017



26.04.2015

„ Ако престанеш да се врзуваш за малку ствари во животот, ќе си обезбедиш малку мир.

Ако престанеш да се врзуваш за повеќе нешта во животот, ќе добиеш многу мир.
Но ако комплетно престанеш да се врзуваш за нештата во животот, ќе имаш и комплетен мир. Тогаш, борбата со овој свет е завршена. „


Секоја ноќ те сонувам и си велам: Ееејгиди Македонијо, некогашна мори славна империјо, распослана на половина планета, од Пела па се до Персија, до Индија…

Денеска падната на колена, да ги молиш оние кои ги описмени, им ја отвори устата и ги научи да речат најпрвин Алфа и Омега… па Аз, Буки, Веди, па А и Б…

Нив да ги молиш што ги научи дека рибата се јаде, дека дрвото се калеми и дека човекот се раѓа за да се љуби…

Нив да ги молиш сега, името распнато да ти го остават на 180 километри квадратни…

Тешко ми е…


Малку викенд забава ....







"No, I don't think I will kiss you, although you need kissing, badly. That's what's wrong with you. You should be kissed and often, and by someone who knows how."




19.09.2016


30.03.2015


Во која кафана го служат „Паметот на целиот свет„? Некои луѓе изгледа редовно поминуваат на „по една„ ...



Едни исти луѓе постојано имаат среќа. Тркалото на среќата изгледа веќе не е во возна состојба.


Рече некој дека не постои сродна душа? Постои. Има еден тон луѓе кои се без душа. Сите тие се сродни души.


Кога некому ќе му ја треснеш вратата, немој да гледаш ниту низ дупчето за клучот.


Ми даде прилика да не те запознам. Требаше да ја искористам.


Во последно време ништо не ми пречи. Мора да ми се спрема некоја невидена пречка.


Без оглед дали рецептот е краден, позајмен или измислен, човекот…


Blog
Blogs are being updated every 5 minutes