LadyM68's blog

LadyM68
55, Macedonia

09.02.2014


Пуста еманципација, зошто бе никој не ја разбира како што треба????

Ние еманципираните жени ништо не ви забрануваме , бре мажишта ....



Не ви забрануваме да перете


Седиш, читаш нешто, чекаш некоја омилена емисија на тв, гледаш спорт, сакаш да се опуштиш .... што и да е, и на сред таа пар минути нирвана доаѓа она од 7,8,9 степени по Рихтер:


- аааааааааааааааа ми паѓа косата !!!!

Срцето бре ќе ти прескока како на трка од 100 метри со пречки и единствено што ми се мота низ главата е да даде Господ да ти испопадне и последното влакно на главата и тебе и на тие што ја смислиле рекламата.

Ужас човече. Која траума.

Порано тоа се викаше ќелавост, сега се вика паѓање на косата. Порано ќелавоста беше нормална а…


Се мислам нешто, дал да плачам или да се смеам.

Ден како овој денес, малку е да кажам колку е интересен, НЕВЕРОЈАТЕН Е !

Нема да дробам многу, зашто доаѓаат полека но сигурно моменти кога она што го дробиш треба и да го сркаш, а мене системот за варење ми е алергичен на глупоќа и лицемерие од секаков вид.

Пар пораки денес до оние кои ги познавам и не ги познавам:

- До комшијата од трети - ако мислиш дека со тој букет од пар каранфили денес ќе ја избришеш тагата од очите на твојата жена, слободно обеси се на тераса за да може…


07.11.2015


27.12.2015

Кој сака да гледа, најмногу ќе види од неприложеното.


При следниот напад на романтика, деактивирај ги сите картички и избриши ги сите налози.



Убаво е да имаш самодоверба. Ајде сега кажи кој има доверба во тебе.



Прекрасно е да си на периферијата од вниманието. Таму видикот е неверојатен!



Баш ми е по вкус, ама не ми е по воља.



25.05.2014

Не стануваш попаметен со текот на годините. Само се намалува списокот на будалаштини и глупости кои не си ги направил !




Ако го сакаш, пушти го нека излезе со другарите. Ако ти се јави пијан, твој е. Ако ти го одбие повикот, никогаш и не бил.

***

Социјален мамурлук - кога после разговор со некои луѓе ти треба 3 дена да се освестиш.

***

Не ги викам веќе пријателите кај мене на вечера. Едноставно им велам - дојдете дома да си поиграте со мобилните додека јадеме.

***

Те молам кажи ми кога ќе бидеш слободен, за да се потрудам тогаш јас да бидам зафатена.

***

Не му верувај…


Има ли? Постои ли во нашава напатена државичка или не?

Мојот службен психијатар вика вака: ако си зборуваш сам со себе , не страшно, нормално е.
Ако почнеш да зборуваш со предмети и слични нешта околу тебе - не е добро но има надеж.
Но, ако почнат предметите да почнат да ти одговараат и разговараат со тебе .... под итно барај помош.

Деновиве некако почнав да си правам муабети сама со себе, па се тешам дека сеуште е нормално :D

Дијалог - 1:

- оооооо комшивке, слушнав нешто ново.
- Па да ... повелете да се напиеме, спремаме веридба па и свадба потоа ...
- Еј, а трудна…




Во Љубовта или во луѓето?


Една колешка често ми вели Тебе со Тебе никогаш не ти е досадно. Има право. Мене со мене не ми е досадно, само некогаш ми е напорно. Многу.


Времето е мутаво или луѓето сме мутави па не ни се погаѓа и како по навика си бараме жртва да ја префрлиме топката на некого за нашето расположение.

Мене ми е супер, да не се лажеме, Баерн ми го направи расположението екстра. Еден краток разговор утрово ме разбуди од летаргија.

Колешката ме праша дали се заљубуваме во луѓето или во љубовта со се што таа носи со себе.

Знаете, јас сум…


Blog
Blogs are being updated every 5 minutes