Пустина...
31, Skopje, Macedonia

Ми ја гориш душата со тивок пламен.. ме печер ама кој да те сопре.
Убаво ми е и вака барем те чувствувам некако, болно, рапаво.


Дојде од никаде и како крадец во ноќта попусто замина...
ме заведе, ме зароби во чувствата, чувства на непребол.
Ми подари капка радост, возбуда, некоја солза и пуф, те снема.
Зошто побогу ми ги разбранува чувствата, зошто...
а сепак знаеше дека ќе заминеш.
Ме остави со наежена кожа до коска, со разбушавена коса и троа искубана.

Те чувствувам под кожа,
ме гребеш па те бркам со солзиве
но никако да заминеш.

Сакам да скокнам високо, да ја соблечам кожава да го фрлам телово и да одлетам.
Горчина во грло, подголтнуваш но се повеќе и повеќе горчи.
Солзи, ги бришеш и се воздржуваш но тие се повеќе течат.
Си ја стегаш душата и си ги потиснуваш чувствата
но тие врескаат и трчаат наоколу како деца штотуку испаднати на првиот снег.

Дамата во срце, заплака без срам се расфрла со чувствата.
Немилосрно го бакнуваше и негуваше, сакаше уште троа да потрае...
барем уште некоја деценија, век...

Бришеше солзи, стегаше заби и велише
„утре ќе бидам посилна, утре нема да плачам, утре нема да помислам на него“
и пак истата бледа лага секој ден...





Потпишано со солзи од Дамата во срце

139 views
 
Comments
borko412 20.12.2013

*OK* *HI*

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes