Мистериозна авантура..
27, Skopje, Macedonia

Воедно и хумористична и мистериозна авантура...
If you want to see it ..

***************************
************************
*******************
*************
*******
***
**
*

Дејството се случува на железничката станица,каде што стојат мајка,татко и љубопитно дете.Детето ја прашува мајка си дали некогаш патувала со воз а таа одлучува да му ја раскаже приказната што и се случила во младоста...


-Кога го завршив средното училиште,од Скопје во воз патував за Белград кај тетка ми.
-И?Како патуваше,мамо?-ја прашав.А таа воздивна малку и ми рече:
-Тоа е долга приказна,сине.Сакаш ли да ја чуеш?
-Секако!-одговорив јас.





Тој ден,15 јуни конечно бев спремна да појдам.Моите ме испратија до железничката станица и ми посакаа среќен пат.Се качив во возот и се сместив во купето број 5.Тоа ми беше прво патување со воз.Многу бев среќна што ќе се видам со тетка ми која не ја бев видела околу четири години.Таа секогаш ми даваше совети и знаеше да ми помогне кога ми е најтешко.Исто така се радував на видувањето на тетка Елена-првата соседка на тетка ми.Тетка Елена имаше син и ќерка,но јас се дружев само со ќерка и Драгана.Синот и никогаш не го запознав.Тетка ми немаше деца па ги сакаше децата на тетка Елена како да се нејзини.





Замислена не ни забележав дека во купето влезе некое момче кое седна до мене.Кога го видов срцето ми затрепери.Го видов синилото на морето во неговите очи и белината на снегот во неговата насмевка.
-Упс!Мамо,мислам дека тато ова не би требало да го слуша.Колку што сфатив,ти си се заљубила-се насмевнав јас.
Ја видов ``ѓаволската насмевка``на тато,а мама продолжи да зборува:
-Се заљубив на прв поглед во таа чудна убавина што се создаде пред мене.Кога проговори го слушнав пеењето на самовилите.Ми рече:
-``Имате преубава насмевка.Дали можете да се насмеете повторно,само колку да ме огрее сонцето?``Неможев да поверувам дека го кажа тоа.Се намсевнав,а тој кратко одговори ``Благодарам``.Со ``непознатиот`` водевме разговор за природата,за литературата,за музиката,за спортот.Пронајдовме многу заеднички теми.Се смеевме на лудориите што сме ги правеле како деца.Но,се што е убаво кратко трае,па така стигнавме во Белград.Пред да замине тој ми рече:
-``Мило ми е што се запознавме,убавице``.Јас се симнав на следната станица,занесена во мислите,сонувајќи за момчето што го запознав.




-Што понатаму?-извикав јас.Ми стана интересна таа мистерија околу момчето.Сеуште не бев сигурен дали мајка ми измислува или стварно го доживеала тоа.Таа продолжи:
-Ја здогледав тетка ми и притрчав кон неа.Се прегрнавме.Таа почна да ме испрашува за моите,како е дома,како е во Скопје...Зборувајќи стигнавме до нејзината куќа.Околу куќата имаше голема градина посадена со цвеќиња.Се слушаше црцорењето на славејчињата.Тоа ме смируваше.Тука го наоѓав својот мир.Од тетка ми дознав дека тетка Елена ја скршила раката и дека син и и Драгана биле со неа во болница.Ми беше криво за тетка Елена,но бев среќна што не било озбилно и што за неколку недели ќе ја видам и неа и Драгана.
-А,дали слушна нешто за ``мистериозното момче``?-прашав јас.
-Не!За него не слушнав ништо.По цели денови мислев на него и на прекрасните моменти што ги поминавме заедно.На 5 јули требаше да ја пуштат тетка Елена од болница.Јас и тетка ми направивме ручек и ја распремивме куќата.И конечно,ја видовме колата што ја донесе тетка Елена.Во собата влегоа таа,Драгана и ... Погодуваш кој?-ме праша мама.





Јас замислен во приказната и изнервиран што мама ме прекинува во размислувањето,извикав:
-Мамо,не се шегувај со мене!Кажи ми кој беше тој?
-Мистериозното момче-се насмевна мама.
-Молам?Навистина?-се изненадив јас.
-Да-повторно се насмевна таа.
-И?Што се случи понатаму?Дали ти го кажа неговото име?Каде е тој сега?-почнав да се распрашувам.
-Полека,полека-сега ќе ти раскажам.




-Кога го видов занемев!-продолжи.По изразот на неговото лице се гледаше дека и тој не е ништо помалку изненаден од мене.Се прегрнавме.Тетка Елена,Драгана и тетка ми зачудено не гледаа.
-Вие се знаете?-праша Драгана.Ние само се насмевнавме и излеговме надвор.Го слушнав гласот на тетка ми која велеше:
-Луди млади се заљубија на прв поглед.
Останатите два месеци ги поминував најубавите денови од мојата младост.
-Ете,тоа беше приказната-заврши мајка ми.





-Ха,неможе!Не е крај на приказната!-извикав налутено јас.Немој да ми кажеш дека не го праша како се вика,зошто нема да ти верувам.
-Јас ќе ти кажам како се вика-се вмеша тато.
-Од каде знаеш ти,тато?
-Јас сум ``мистериозното момче``-се насмевна тој а јас занемев од чудо.
-Почна да се стемнува-тишината ја прекина мајка ми.Ајде да си одиме.
-Не,јас ќе останам овде и ќе чекам да се заљубам на прв поглед за да можам да им раскажувам на внуците како сум ја запознал нивната баба-одлучен бев јас.
-Ајде,кога ќе пораснеш малку ќе те донесеме пак тука и ќе ја чекаш љубовта на твојот живот-од се срце се насмеа мама.
Од тој ден па наваму секој ден ги молам мама и тато да ме однесат на железничката станица за да ја пронајдам мојата ``мистериозна девојка``.

150 views
 
Comments
salco 06.01.2010

ODLICNA PRIKAZNA *THUMBS UP*

bik4e bik4e 06.01.2010

Благодарам ;-)

manakieva 05.01.2010

Блогот е фантастичен го прочитав во еден здив секоја чест :-P :-P

bik4e bik4e 05.01.2010

Фалаа Монии :-{}

Save Jovanova 04.01.2010

интересно хепи енд :D :D :D

bik4e bik4e 04.01.2010

Хуух :-[

Фала ти што го прочита *ANGEL*

Мило ми е што ти се допадна *ROSE*

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes