Зошто луѓето викаат!
44, Skopje, Macedonia

Еднаш учителот ги праша своите ученици: -Зошто луѓето викаат кога се налутени? Учениците размислуваа некое време: Затоа што го губиме трпението, затоа викаме-рече еден. -А зошто да викаме кога е особата покрај тебе?-праша учителот-Зарем не е можно да се зборува тивко и смирено? Учениците дадоа уште некој одговор,но ни еден не го задоволи учителот.Најпосле им објасни: -Кога две особи се караат и се лутат,нивните срца се доста оддалечени затоа мораат да викаат еден на друг зада може нивниот глас да ја премости далечината измеѓу нив за да можат да се чујат.Колку се полути толку посилно викаат,зошто далечината измеѓу нив е поголема. Потоа учителот праша: Што ќе се случи кога две особи се заљубат? Не викаат еден на друг туку зборуваат тифко и нежно.Зошто? Нивните срца се сосема блиску,оддалеченоста од нив е сосема мала. А што ќе се случи кога уште повеќе ќе се заљубат?Не зборуваат, само шепотат,и уште повеќе се зближуваат во љубовта. И на крајот не им треба повеќе да шепотат,само се гледаат. Такви се две особи кои се сакаат. Потоа рече: -Кога се карате немојте да дозволите вашите срца да се оддалечат,не изговарајте зборови кои можат уште повеќе да ве оддалечат,зошто ќе дојде ден кога оддалеченоста ќе биде многу голема,да повеќе нема да има пат да се вратиш назад.

55 views
 
Comments
VOCKO 22.07.2012

Да точно,така е.... *HI*

SVETLANAP 21.07.2012

-Кога се карате немојте да дозволите вашите срца да се оддалечат,не изговарајте зборови кои можат уште повеќе да ве оддалечат,зошто ќе дојде ден кога оддалеченоста ќе биде многу голема,да повеќе нема да има пат да се вратиш назад. *YES*

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes