Тенки на нерви....
44, Skopje, Macedonia

Денес еден Мој виртуелен пријател ме ,,откачи“ ме шутна како несоодветен, не дека тоа ме погоди ,,емотивно“ затоа што нешто што е виртуелно неопипливо (Како виртуелното Пријателство) и нема некое влијание во животот барем на за Мене... интересно е што човек може да стекна погрешен впечаток за Некоја Личност базирана врз основа на тоа што Таа Личност го кажала во Нејзините виртуелни писанија и коментари... и така читајќи ги Нејзините писанија си велиш оваа Личност баш е онака храбра... има смисол за хумор, сарказам... дискутира за сериозни теми итн. итн. и тогаш даден коментар на ,, кукумјавчења“ на ,,Мажи“ и ,,Жени“ за импутираниот ни празник на чичко Валентино каде Тие кукаат како се осамени и шишето им е ,,Пријател“ во тој толку ,,значаен“ ден, ја вади од такт и те квалификува како ,,Сељак“ и ,,Скар“ ти е, и те блокира како Нејзин несоодветен Пријател :) инаку коментарот беше ваков (Лелееее волку лузери на едно место smile_1.gif абе што сте се фатиле за шишето фатете се за Жената бреееј! smile_5.gif кажи а, како им го треснав smile_1.gif ))) Си велиш та нели Личноста се промовира како слободно умна... т.е. може да дискутира на секакви теми и се прашував што толку ,,лошо“ реков та ете ,,скар“ ми е и нејќе веќе да ме дружи? Идејата ми беше да си ги чукнат главите Тие што ,,кукаат“ како се осамени дека со шишето во рака нема да најдат Личност која ќе се заљуби во Нив.. и ете ќе се ослободат од осаменоста и дека тоа е погрешен начин што го одбрале... и не ми беше јасно зошто Мојава Пријателка така бурно изреагира на Моите писанија и Оп! ме блокира и Скар ми е :) Но види додека го пишував текстов ми се склопија работите и ми текна што толку ја ,,погодило“ :) Имено, па Личноста што бурно изреагира на незлонамерен коментар исто така е осамена... изморена после работа седи дома и куцка по тастатура наместо да води Љубов со некој убав згоден Маж ... што се вели тоа е причината што сум ја погодил во нерв... Па си Велам ццц ете Јас за тоа што мислам дека е малку шегобијно, малку поучно за Други е навредливо... имено вистината секогаш е болна.. освен ако не ти кажат (Многу си убава) а при тоа не те лажат :) ах тоа его чудна работа е :) Ете Луѓето во 21-ви век се тенки со нерви и добро треба да размисли да не повреди некого дури и кога ќе пише ,,добар ден како си“ ... како и да е ете го збогатив Моето Лично искуство со писанијата по социјалните сајтови ... :) и сватив дека и ако пишеш Некому море ,,Глупсане, педериште едно“ тој и нема така да се навреди како што ќе се навреди ако му кажеш да не се дружи со шишето туку со Жената :)

75 views
 
Comments
TopVU 20.02.2014

:) Ха ха ха ... Одлични коментри посебно на Убавата ,,Дениција“ Нејзе Џустиција мОЖе вода да и носи, сече бре и лево и десно.. се размафтала со сабјата и попара прави. Ех Да, Убава ама со мнооогу ,,Долга“ коса Ете човек се обидува да заштити нечија приватност а Тој те обвинува за тоа колкави ти се Ташаците (Нема храброст да каже Ташаци па пишува тестиси :) )))) Ма може многу да се каже ама кратко објснување (Жени! со дооолга коса) :) ))))) ах да и јазик разбира Се :) ))))

TopVU 20.02.2014

Тош, Пријателче што се вели се разбираме :) Тошо Легендата Наша се убаво објаснил и дефинирал :) )))) Да живеее Тошо :) А ако некој ме блокирал и не сака да комуницира со Мене воопшто не треба ни да ми ги коментира блоговите :) ова се однесува на Убавата Дениција (Мора да ги пообјаснам работите онака храбро и директно, за да се види дека имам тестиси уупс Ташаци де) :) )))))

TopVU 18.02.2014

:) Благодарам Годива за коментарот го правиш поинтересен овој скромен блог. Знаеш Годива најдобро објаснување зошто официјалната Библија зошто има 4 евангелија ми дал човек вработен во Полиција :) Смешно ама вистинито. Сите раскажале за истата сообраќајка од својот агол на гледање :) аообраќајката е една како и вистината само имало четири страни на поглед на истата работа :) Само во случајов вистината е небитна туку начинот на однесување... тоа е посуштинското нешто во случајов...

LadyM68 18.02.2014

Вистината секогаш има неколку страни, зависно од кој агол ја гледаш.

Дали уствари и ти не го правиш истото што го направила и твојата пријателка?

Се сложувам, ова можеби е твоја вистина ... но која е нејзината? *SCRATCH*

LadyM68 20.02.2014

Не навлегувам во ничии приватни релации, чисто беше мое мислење и став дека на секоја реакција претстои акција.

Секогаш сакам да ги прочитам двете страни, пристапувам без предрасуди и сметам дека личноста која изреагирала така, си има своја причина без оглед дали некому му одговара или не.

Во таа смисла мене ништо не ми е чудно како читател, посебно кога ќе се сетам каде се наоѓам ( на топ) :D

LadyM68 18.02.2014

Токму тоа и го мислев. Заднината на тој начин на однесување е нејзината вистина.

TopVU TopVU 20.02.2014

Заднината и стилот на пишување е за да заштитиш Нечија приватност (без оглед колку и да не се согласуваш со Нечии ставови и размислувања) да истакнеш генерален општествен тренд или проблем и да укажеш на тоа со надеж дека ќе бидеш разбран и сфатен што си сакал да кажеш (Со ризик дека Тие што се ,,Тенки на нерви“ воопшто и нема да те разберат што си сакал да кажеш, што и се потврдува во нечии рекции и коментари на блогот) Е сега ако некој мисли дека е ,,Херој“ и сам сака да покаже колку е ,,Храбар“ Тогаш воопшто не сум обврзан да ја штитам Неговата/Нејзината приватност.... Се надевам ќе има писмен народ и ќе ги чита и интерпукциските знаци :)

Tosh 18.02.2014

Што рече мојот имењак Тошо Малерот.
„Џабе везеш батка“
:)

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes