Исто, а не е исто...подобро е...
24, Skopje, Macedonia

Иако беше облечена елегантно, можеби не баш по најнова мода, но сепак со вкус, девојката се издвојуваше од многуте луѓе кои се движеа низ улицата...дали беше до нејзиното лице со правилни црти кое оддаваше озбилност, дали до нејзините крупни, но тажни очи, дали до гордото држење и цврстиот од, таа привлекуваше внимание...се движеше низ истите улици секој ден, вдлабочена во своите мисли, не забележувајќи никого и ништо...никој не знаеше што се одвиваше во нејзината глава и нејзиниот живот...не дозволуваше луѓето да приметат колку и беше тешко, колку патеше, колку болка беше скриена во нејзиното срце...никој не знаеше дека деновите и ноќите и беа исти, личеа еден на друг, без и една трошка светлина во нив...беа темни, без надеж...а беше среќна девојка, имаше се што човек посакуваше...имаше живот исполнет со среќа, со смеа, со радост...имаше човек што ја сакаше или барем така изгледаше...се беше убаво и скоро совршено до еден ден кога се сруши се, падна во бездна...човекот кој и беше се и кажа дека веќе не може да биде со неа, дека не може да и даде она што и треба, што сака...а таа само сакаше да биде сакана...и си замина, не помогнаа солзите, зборовите...се беше напразно...оттогаш не знаеше денот дали беше ден или беше ноќ...се претвори во робот, кој само преживуваше од ден за ден...денови, месеци минуваа...ама едно не знаеше...дека некој патеше и тагуваше исто како неа...дека тука некаде блиску до неа, едно срце чукаше само за неа, дека едни очи посакуваа да се сретнат со нејзините, дека едни усни сакаа да чујат зборови, да видат насмевка на нејзиното лице...тоа беше нејзиниот човек...истиот кој ја избрка од неговиот живот и кој сфати дека сепак таа за него е една и единствена, дека нема живот без неа...без нејзините очи кои светеа како две звездички и го осветлуваа патот до неа...без нејзината насмевка која влеваше надеж дека сепак се ќе се победи ...срцето му се кинеше кога ја гледаше како оди сама, со тага во очите, без насмевка на лицето... ја сакаше, а толку многу ја повреди, иако и велеше дека ќе ја чува и штити од се, а всушност тој беше оној лошиот кој направи таа да плаче и да тагува...знаеше дека прави лошо во истиот момент кога и кажуваше дека не можат да бидат заедно, ама мислеше дека прави добро за неа...а сега е само полошо...некако собра сили да и се јави и да ја праша да се видат...беше подготвен на се...а највеќе на тоа дека ќе го одбие...меѓутоа девојката се израдува што му го слушна гласот и за живо чудо прифати средба...конечно се сретнаа некаде на половина пат...се беше исто, а не беше исто...само се погледнаа и се прегрнаа и знаеја дека веќе нема никогаш да се разделат...знаеја дека нивните срца чукаат како едно, дека нивните души се сплотени во еден здив...љубовта сепак го победи стравот и допринесе среќата да биде уште поголема...сега девојката одеше по истата улица...ама на прекрасното лице имаше насмевка и крупните очи и светеа како две звездички...знаеше дека тој со нетрпение го исчекува секое нејзино доаѓање во нивниот заеднички дом, да ја бакне и стисне силно до себе и да знае дека тие двајца се едно...среќата беше комплетна...

8 views
 
Comments

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes