Во кого се заљубуваме?
55, Macedonia

Во Љубовта или во луѓето?


Една колешка често ми вели Тебе со Тебе никогаш не ти е досадно. Има право. Мене со мене не ми е досадно, само некогаш ми е напорно. Многу.


Времето е мутаво или луѓето сме мутави па не ни се погаѓа и како по навика си бараме жртва да ја префрлиме топката на некого за нашето расположение.

Мене ми е супер, да не се лажеме, Баерн ми го направи расположението екстра. Еден краток разговор утрово ме разбуди од летаргија.

Колешката ме праша дали се заљубуваме во луѓето или во љубовта со се што таа носи со себе.

Знаете, јас сум присебна личност. Најмногу приземна од сите што ги познавам. Не знаев да и одговорам.

Можеби во луѓето? Визуелниот впечаток? Страста? Реакцијата на нашето тело? Реакцијата на мозокот во главите?

Некој ќе рече битни му се очите. Некој изгледот комплет. Некој се заљубува во зборови. Некој во интелигенција. Некој во повеќе нешта заедно, а некој и не знае во што се заљубил.

Но едно е дискутабилно, сите тие компоненти кои и да се небитно, предизвикуваат прекрасни чувства кои САМО љубовта може да ги предизвика.

И велам, слушај ваму. Сите ние имаме свои квалитети. Во многу луѓе, човек ќе го најде она нешто кое го има оној во кој си се заљубил, но не се заљубуваме во сите нив.

Се заљубуваме во некого кој ќе ја предизвика таа лавина од чувства наречена љубов.

Ако се заљубуваш во човек, зошто не се заљубиш во секој кој ги има сите квалитети кои ти се потребни за љубов?

Дали тоа значи дека се заљубуваш во љубовта?


Располжение на денот -







209 views
 
Comments
DjoleMk 20.03.2016

Кога е љубовта во прашање сите сме идеалисти (сакаме да глорифицираме). И добро е што е така бидејќи во спротивно (ако умееме да видиме дека не е се така розево) ќе не снема од земјава

LadyM68 LadyM68 21.03.2016

Прав си. Се надевам нема да не снема *JOKINGLY* *DRINK*

mak2008 20.03.2016

Заблуда...

LadyM68 LadyM68 21.03.2016

*THUMBS UP*

LadyM68 LadyM68 21.03.2016

Me2 [:-} [:-} [:-}

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes