Необична приказна
55, Macedonia


Во еден авион, жена, бела, на возраст од околу 50-тина години, добила место за седење до еден црнец.
Видно вознемирена, викнала по стјуардесата.

Стјуардесата -
Повелете госпоѓо во што е проблемот?

Жената -
Зарем не гледате??? Сте ме сместиле покрај еден црнец! Незамисливо ми е да седам до еден од „тие„ луѓе! Најдете ми друго место ве молам.

Стјуардесата -
Сите места се зафатени госпоѓо, но сепак, дозволете ми да проверам повторно.

Заминала стјуардесата и се враќа по неколку минути.

Стјуардесата -
Госпоѓо, во економската класа нема повеќе место. Има едно место во првата класа.

И пред да успее да проговори жената, стјуардесата продолжила.

- Знаете, во нашата авиокомпанија, скоро е недопустливо патник од економска класа да се префрли на седиште во прва класа.
Но, исто така е скандалозно да присилуваш некого да седи до некој кој е под секое ниво!!!

Во моментот, стјуардесата се свртила према црнецот и му се обратила -

Господине ќе ве молам, ако сакате, земете го својот рачен багаж и повелете во прва класа.


П.С. Во животот ќе сретнете многу вакви „луѓе„ ..... само пуштете вода од казанчето.

330 views
 
Comments
mak2008 17.05.2016

тупаџии секогаш и секаде.....

LadyM68 LadyM68 18.05.2016

Kako i obicno ..... pravec komunalec :D

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes