pezzo's blog

pezzo
55, Skopje, Macedonia

Никогаш не ја напуштај личноста што ја сакаш за личноста што ти се допаѓа ..затоа што личноста што ти се допаѓа ќе те напушти за личноста што ја сака!!!!


IMASE MNOGU MOMENTI VO 2011 KOGA VE NERVIRAV...VE LUTEV...I VI PRECEV
SAMO DA VE INFORMIRAM DEKA TOA PLANIRAM DA GO PRAVAM I VO 2012
SREKNA NOVA GODINA...........


14.12.2011

Распослан пред тебе како килим,
ко здив тивок ги бакнувам
кревките стапала твои,
оти саде за тоа сум достоен.

Кафеавите очи бисерни
ги вртиш кон моите
по малку замижуваш,
давајќи ми знак.... продолжувам.

Угоре тргнуваат усниве
со ситна насмевка подмолна
се искачуваат по свилените нозе
по ѕидините неосвоиви.

Косата мистична
ко реси од врба жална,
ја пушташ ветрот да го впие,
давајќи ми знак.... понатаму одам.

Ми се лизга јазикот по колкот
како лебед по езеро смрзнато,
за да стигне до папокот твој –
Делфи во животот мој.

Нозете малку само
ги поместуваш, рефлексно,
а ко Посејдон светот да го стресол,
ми даваш знак.... тргнувам пак.

Стомачето мазно,
ќе да беше поле житно,
го…




Помниш ли кога те испраќав со бакнеж во магливите утра од нашиот мал стан? Помниш, ја затворав брзо брзо вратата, да не ни избега љубовта и топлината со која ги греевме срцата и надежите.

И уште долго долго те гледав од прозорецот, како цупкаш низ црквениот парк, а мене срцето ми се кине што одиш сама, заминуваш ко јагне меѓу волци, одиш на некој голем испит што полека младоста ти ја зеде?

Минуваа годините...

И стареев и јас со тебе, и не ми беше жал за ништо, за никој поминат ден заедно со тебе. Престанав да ја барам смислата, те најдов тебе.

И во…


Го засака не знаејќи како. И тој ја сакаше, така случајно, како случајност! Еднаш во поројни бакнежи, шепотливо му рече дека цел живот го барала вистнскиот, а сега тој е до неа. Тој со благ насмев изрази радост поради тоа, ѝ рече дека не треба да се грижи за ништо повеќе оти сега го има вистинскиот, тој ќе ја чува силно и ќе ја разбира безусловно.

По еден месец, од премногу сакање, почнаа да се мразат. Од премногу бакнежи си ги изгризаа усните, па им остана само забите да си ги покажат. Природата на човекот налага да биде лош кога…


-Луѓето не ги сакаат предлабоките нешта, страшно е да се заглави таму, во длабочината. – Премолчуваат заглавените во длабочината, додека нивните букви длабочат сѐ повеќе и повеќе низ тивките звуци од нивниот претсмртен крик.

Она што го разликува светот од длабочината, е светлото. Светот свети, длабочината мрачи. Сите грешки постојат таму, во мракот. А дефиницијата за грешка е: нешто кое спротивно од нештата на мнозинството. Тоа значи дека има повеќе сонце и, помалку мрак.

-Најголемата грешка што можеш да ја направиш во животот е да бидеш добар и искрен со другите. – Си помислуваат добрите и искрените во моментот…


Има нешто величествено во моментот кога ја држите в раце последната цигара. Уште пред да ја запалите, таа ќе ве измачи со неброени апокалиптични предвидувања. Сигурно ќе ви каже дека утредента светот ќе престане да постои и поради тоа, никогаш повторно нема да се видите. Ниту со неа, ниту со кој било од нејзините роднини. Нормално, поради дрскоста, таа ќе мора да биде уништена со неверојатни предрасуди.

Раскажувам приказна за расплетените неба и ми студи на стапалата. Ја имам последната цигара в рака. Ја палам многу внимателно. Не е последна зашто ќе посакам и некоја следна, но во овој мал агол…


Сакав да го запишам овој ден некаде на плочите од дворот, кога закрепастено дознав дека денов всушност нема датум. Јас по некоја чудност обично се стартувам на бездатумни денови. Веројатно и јас сум некој од оние чудности кои започнале во бездатумни денови, а за чудо – пред нас сѐ уште стојат годините на возможното. Да тоа сме ние, ние кои му се чудиме на светов.

Тоа безмалку и беше очигледно, но го забележав малку подоцна. Се испостави дека и вчерашниот ден бил без датум, но не само тој, туку и сите во последниве две години. Тоа се деновите во кои…


Кога авторитативно ќе ми го изговориш името, кога ќе ги закопаш прстите во мојата коса, кога ќе ми шепнеш колку ме посакуваш, кога ќе ги ставиш усните врз моите, кога ќе ме погалиш нежно.... насмевката ми изгрева некаде од дното на душата.

Кога ќе те допрам нежно на вратот (а ти воздивнуваш), кога ќе ти потонам во прегратката (и таму ќе го пронајдам мирот), кога ќе ти продрам со погледот низ зениците (длабоко во приказните што тлеат нераскажани), кога ќе го вдишам од тебе мирисот на небо (и најпосле ќе го вкусам апстрактот што го викаат слобода).... станувам најважната прашинка во…


Дозволи ми да те сакам

како што се сака брат по душа.

Дај му на срцево да чука,

како немирно дете да подрипнува.

Дојди!!!Допри го телово порочно.

Исчисти го гревот насобран.

Подари ми љубов исконска.

Помилувај ме со својата чистота.

Легни ме на кревет од облачиња.

Крени ме високо до сонцето,

да се напијам светлина,

да соберам топлина...

И пак назад врати ме,

да пиеш од изворот мој.

Да згаснеш жед.

Да скротиш ѕвер.

Да се роди светец до тебе...

Свој!Единствен!Твој!............Т е сакам


← previous 1 2 3 4 next
Blog
Blogs are being updated every 5 minutes