Pak ja so so eden BLOG. ...ZA ..LUBOV.....
34, Skopje, Macedonia

Изворот во мене пресуши... се е пусто, срцево, зрно песок - а душава пустина. Иако ми е потребна вода, не ја сакам, затоа што таа во мене ќе пробуди... ќе создаде живот, ќе дозволи да се родат нови чувства... чувства кои повторно ќе можат да ме повредат, можеби не како сега... но сепак патот кон таа цел ќе им биде широко отворен, а јас немам сили да го дозволам тоа. Не сакам да ја видам светлината на љубовта, затоа што веќе ме обзеде нејзината темнина. И би рекле, сепак надежта последна умира, но овој пат, надеж за што? За повторно да сакам... а љубовта да не ми биде возвратена?... или пак едноставно надеж за да ме сака некој... Не! Не сум сеуште спремен да ја прифатам таа надеж... како магнет да ја одбива од моево срце. Стравот од сигурен бол зема се од мене. Во овие моменти... пустината, каменот... тие се мојот лек. Со нив безбедно ќе го дочекувам секое утро, секој нов ден и ќе се радувам што сум бил доволно силен за да се разбудам од овој кошмар... сон кој го сонам буден. Која е цената да љубиш, кога љубовта те отфрла од себе и ти дозволува да паднеш толку остро... толку силно... што по тоа ти останува само да се молиш да заздрават раните, да зараснат... иако за едно нешто си сигурен... тие ќе ти остават длабока лузна. Лузна која само ти самиот ќе можеш да ја видиш и да знаеш дека таа секогаш ќе постои, без разлика на се. За жал... готово е, ова е крајот. Да, крајот на едно прекрасно другарство, крајот на една посебна врска, крајот на надежите на една личност дека живеела рамо до рамо со вистината, крајот на светлината и почетокот на пригушениот мрак.



.Pozz....do sitee :(

34 views
 
Comments

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes