swadokkk's blog

swadokkk
34, Skopje, Macedonia

Јас сум крајно несовршено суштество... Несовршен сум и грешам на секој чекор... Но УЧАМ... И решителен сум во тоа да не ја направам вторпат истата грешка... А сепак ми се случува и вторпат да ја направам истата грешка, и тоа не ретко... Зошто? Тоа е едноставно... Затоа што сум глупав и несовршен... Во тие мигови, се разбира дека малку се презирам себеси... Тогаш решавам истата грешка да не ја направам и третпат... Тогаш, малку НАПРЕДУВАМ... Малку... ама сепак НАПРЕДУВАМ !!!


Сакам да те сакам, сакам да те сонувам. Сакам по цел ден со тебе да се слушам и да си пишувам. Сакам со тебе за рака фатена да се шетам и приквечер кога ке залади со твојата јакна да ме прегрнеш. Сакам да ме бакнеш на сред улица. Сакам да ми упаѓаш на сред реченица да ми речеш дека сум убава. Сакам да сакаш да ти готвам и да ме гледаш...Сакам да сакаш да лежиш со мене и да ти биде доволно да си исполнет. Сакам да ме закачуваш, да ме гониш, да се бориме. Сакам да ме сонуваш..Сакам да…


Понекогаш се прашувамдали љубовта вистински постои?Се прашувам длабоко и искрено.Се замислувам, се сомневами заплакувам затоа што не наоѓам одговор.Срцето ме пече, па на искреноста и велам“Оди си, јас повеќе не ќе љубам.”

Но, само го лажам срцето,
а потоа безусловно му се извинувам
кога повторно ќе се заљубам
и ке дозволам да биде повредено.
Веќе скршено, пробувам да го составам
и повторно му велам
“Биди добро, јас повеќе не ќе љубам.”

Но, штом утрото осамна,
разумот повторно уморно од непреспаната ноќ заспа,
а срцето повторно се заљуби.
Се здружи , иако во сомнеж, со искреноста
и ете, пак се распарчи.
Некој повторно го искористи, си поигра и го отфрли.
Овој пат срцето крвари…


Под сонцето стојам чекајќи надеж од ветерот. Денови низ мугрите ме будат во очај, каде да одам да побарам надеж? Иконо моја, во тебе барав нешто што сакав да ме сака. Зад кој цвет се криеш ти? Моите мугри не се будат, младоста се распрскува на сите страни и заедно сме осудени на жаловита насмевка, затворени внатре, во овој тажен круг. И реката на осаменоста го најде својот брег. И небото без ѕвезди најде светлина низ ѕвездата скришна. И чекорот изморен најде камен во темнината. Дури и солзите најдоа свое гнездо, без тага. Само мојата младост остана да самува.…


Разделбата носи тага, болка, горчина, чувство на беспомошност, осаменост. Ако некогаш сте сакале некој вистински и тој повеќе не е во вашиот живот, тогаш многу добро знаете каква болка предизвикува разделбата и знаете дека не можете да очекувате да не боли...
Секоја разделба е болна. Милиони низ светот поминале низ неа и сè уште нема некој универзален водич кој ќе ви помогне лесно да заборавите дека некогаш сте го сакале оној кој повеќе не е до вас. Токму тоа е најтешкиот дел, вртењето на нов лист од животот и обидот да заборавите што имало на претходниот.

Велат времето лечи сè. Но,…


ЉУБОВ !!! Припаѓање некому....Верност....Три работи поврзани со чувствата кон некоја личност... Вака напишани изгледаат совршено убаво и складно... Небаре се нераскинливо поврзани и прават една целина, енергија што не тера да издржиме се и сешто!.. Кога сме вљубени, мислиме дека тоа е единственото нешто поради кое вреди да се живее, тогаш сме најубави, најсилни… и најглупави !! Е, зошто вака ?.. Па добро, ајде да расчистиме од старт една работа: Кој може најлесно да се излаже?.. Вљубената жена или вљубениот маж... Кој ќе ви верува буквално се, па и тоа дека ѕвездите се дофатливи, а среќата вечна? Од малечки не…




Многу ќе беше лесно ако животот беше филм, во кој главните ликови уште од моментот кога ќе се сретнат знаат дека им е пишано да бидат заедно. Но, во реалноста за жал работите не се толку едноставни и е многу тешко да се процени дали една врска има иднина или не.

Затоа, сите ние се обидуваме да одиме чекор по чекор – запознавање, состанување, интимност, барање на одобрување од пријателите и семејството и на крајот преминуваме кон формирање на оценка. За жал, дури и покрај целиот тој процес понекогаш не можеме да бидеме сигурни дали сме со вистинскиот човек.

Доколку сте…


Бевме клинки, први симпатии, споменари и слични ствари ни ги окупираа мозоците.Нејзе никој не ја дружеше. Онаа тинејџерска љубомора ги пиеше мозоците на сите девојчиња. Трачарење, презир и рекла-кажала, сите облечени во розево- ко повраќаници, оваа и рекла вака на онаа, секој озборува секого позади грб.Одвратни ми беа тие времиња, ама ме исчеличија. Учев од најдобрите да лажам, да се камуфлирам и да се вклопам секаде.Чудна потреба се раѓа во тие години: да бидеш центарот на светот. Се трудевме мачно сите, гледајки во секого соперник, лажни другарства колку сакаш- а лажните насмевки и преку ноќ ги носевме.А таа, таа не…


Заминува уште една ноќ, ноќ обична, тажна како и сите други. Одамна згасна сонцето. Полека згаснува и надежта во тебе, онаа надеж што секој ден се раѓаше и умираше во мене... Сепак ти никогаш не ми верувасе, а јас цели 6 месеци живеев во сон, сон кој лесно се раѓа, а полека умира. Сите ми зборуваа за твоите децки, симпатии, најблиски другарки... Секој збор ме болеше, ми оставаше тешка рана во срцето, ти се лутев, а неможев да те мразам. Тогаш се раѓаше таа мисла, таа желба што беше посилна од мене: „Можеби ме сакаш, но не сакаш да признаеш.…


← previous 1 2 3 next
Blog
Blogs are being updated every 5 minutes