Како да го заборавите?
34, Skopje, Macedonia

Разделбата носи тага, болка, горчина, чувство на беспомошност, осаменост. Ако некогаш сте сакале некој вистински и тој повеќе не е во вашиот живот, тогаш многу добро знаете каква болка предизвикува разделбата и знаете дека не можете да очекувате да не боли...
Секоја разделба е болна. Милиони низ светот поминале низ неа и сè уште нема некој универзален водич кој ќе ви помогне лесно да заборавите дека некогаш сте го сакале оној кој повеќе не е до вас. Токму тоа е најтешкиот дел, вртењето на нов лист од животот и обидот да заборавите што имало на претходниот.

Велат времето лечи сè. Но, понекогаш и не е баш така. Некои луѓе остануваат врежани во нашето сеќавање и колку и да се обидуваме да ги заборавиме, повторно се навраќаме на нив. Па, која е тајната? Како да оставиме некој во минатото каде што припаѓа
1.Убијте ја надежта.
Ова е првиот најтежок чекор, бидејќи како што знаеме надежта последна умира. Секогаш ние жените сме склони да негуваме некаква надеж – надеж дека ќе сфати дека згрешил, надеж дека ќе се промени, надеж дека никогаш нема да може да засака друга и дека ќе се врати кај нас. Токму надежта е вашиот најголем непријател кога се обидувате да заборавите некого, па најдете начин да ја искорените од вашиот ум...
2.Заборавете на мислите од типот „Ако не се случеше..., сè уште ќе бевме заедно
Кога веќе не сте во врска со него и сте решени дека треба да го заборавите, тогаш повеќе од јасно е дека не треба да се измачувате со мисли за тоа што требаше, а што не требаше да правите или тој да прави. Разделбата е факт и сега дури и да ги смислите сите можни решенија на вашите минати проблеми, нема да имате корист, освен да ги пренесете како лекции во наредна врска.

3.Побарајте ги пријателките за поддршка и разговор
Никако не смеете да се изолирате. Изолацијата ќе направи да се чувствувате депресивно и постојано ќе се самосожалувате. Ако вашите пријателки се во среќна врска, тоа не треба да ви биде причина за уште повеќе да мислите колку сте несреќни. Во таквите моменти вам ви се потребни токму весели и позитивни луѓе, а не пријателки со кои взаемно ќе се сожалувате. Со нив споделете ги сите ваши мисли, па така кога ќе останете насамо нема толку многу да се оптоварувате, веќе сè ќе имате кажано на глас...

4.Погребете“ ја вашата врска
Многу психолози го предлагаат овој трик за метафорично закопување на спомените. Соберете ги сите физички спомени (подароци, слики, карти од концерти) и исфрлете ги или пак соберете ги во картонска кутија и ставете ги во визба или некаде каде што ви се далеку од погледот. Додека ги фрлате или ја запечатувате кутијата, замислете ги сите тие спомени како пловат по површината на вода и полека заминуваат подалеку од вас.

5Избегнувајте ги местата каде што знаете дека излегува..
Далеку од очите, далеку од срцето“. Излегувајте на места кои не спаѓаат на неговата листа на омилени. Доколку го гледате секојдневно, вашите чувства на лутина, љубомора или дури љубов ќе се засилуваат и нема да ви дозволат да го заборавите. Доколку го сретнете, не покажувајте слабост. Поздравете го и во никој случај не обидувајте се да започнете долг разговор или да дознаете што се случува во неговиот живот. Не заборавајте дека вашата мисија е да го заборавите..

108 views
 
Comments
tonivozac 24.11.2010

tocno e taka toa sega mene mi se slucuva

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes