Заборавена...
34, Skopje, Macedonia

Под сонцето стојам чекајќи надеж од ветерот. Денови низ мугрите ме будат во очај, каде да одам да побарам надеж? Иконо моја, во тебе барав нешто што сакав да ме сака. Зад кој цвет се криеш ти? Моите мугри не се будат, младоста се распрскува на сите страни и заедно сме осудени на жаловита насмевка, затворени внатре, во овој тажен круг. И реката на осаменоста го најде својот брег. И небото без ѕвезди најде светлина низ ѕвездата скришна. И чекорот изморен најде камен во темнината. Дури и солзите најдоа свое гнездо, без тага. Само мојата младост остана да самува. И јас ко' главна улога во овој живот заминувам и знам дека уште долго ке остане оваа илузија. Во мојот чекор многу солзи, а врз моево рамо твојата рака...Уште колку спомени........ Кога дишам, дишам за надежта, кога љубам, те љубам тебе, кога живеам не сакам да отворам очи веќе никогаш. Станувам плен на осамени брегови, сплотена заедно со статуите на осамените воини. Над нив исплетени пајажини кажуваат колку се заборавени. Иронично се смеам зошто знам дека таа судбина нема да ме одмине. Само времето е верен пријател на мојава душа. Тоа никогаш не ме покрива со заборав, секогаш ги става дланките на моите очи.

А каде си ти?..........Ме остави засекогас, но зошто? Доаѓаат силни ветрови и виулици, а моево срце сеуште не сака да признае дека и надежта згасна засекогаш, дека сонцето ќе доаѓа понекогаш, а ти кај мене веќе никогаш. Додека мирисот на ситните бели каранфилчиња раѓа розев сјај, ти живеј и надевај се низ мугрите дека и утре ќе постои нешто и ќе те води напред. Можеби силата и надежта, но сеедно не давај да те уништи ништо. Ти ке останеш во срцево засекогаш, во себеси те носам. Останаа само очиве кои сеуште бараат нешто што би значело утеха. А јас сеуште те барам онаму кај што последен пат те пронајдов.Трагам по надежта, но тешко дека ке ја пронајдам во оваа пустелија што животот од мене ја направи. Те гледам низ прозорецот од крвави солзи, но се губиш во далечината заедно со сите мои надежи и желби изгорени засекогаш. Не ке можам да заборавам колку и да живеам, затоа е време да заминам по бледото езеро в зори и да се сплотам со раѓањето на изгејсонцето. А штом темнината падне и небото го прекријат ѕвезди, тогаш сигурно ме прекрил мракот и од мене веќе ништо не останало. Кревам глава и воздивнувам за последен пат, оставена од сите, изневерена од надежта, закопана од тагата, изгорена од болката за твоето заминување....Но срцето горчливо плаче и во грч ми стега гради, ме враќа од патот, за мене неповратен што е. Низ мугрите надежта се раѓа и заспива секоја тага со зборовите на срцето мое:


ОСТАНИ ТУКА, НЕ ДАВАЈ ГО ЖИВОТОТ НА ЦРНАТА МАГЛА И НЕ ПЛАЧИ ТАКА ЗОШТО ТИЕ ОЧИ СЕУШТЕ ТЕ СЛЕДАТ. ТИ ЗАСЛУЖУВАШ СРЕЌА И НАСМЕВКА ВО НОЌТА ТЕМНА, А ТВОИТЕ ЖЕЛБИ РАДОСТ ЗОШТО ВРЕДАТ. НА ОЧИТЕ ТВОИ ИМ ТРЕБА СЈАЈ ВО СОНОТ ШТО ТИВКО ГОРИ, А НА УСНИТЕ НАСМЕВКА НЕЖНА, НЕ ПЛАЧИ КОГА МОЛИШ. ОД ОНАА СТРАНА НА НАДЕЖТА ТЕ ЧЕКА УТРО И НАСМЕВКА ВО ИЛЈАДА БОИ НА СРЕЌА. А ВО ТВОЈАТА ДУША СЕКОГАШ КЕ ПОСТОИ НАДЕЖ ДЕКА НИЗ МИРИСОТ НА ЦВЕЌИЊАТА ТОЈ ВЕЧНО ЌЕ ТЕ ЧЕКА.

83 views
 
Comments

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes