Понекогаш се прашувамдали љубовта вистински постои?Се прашувам длабоко и искрено.Се замислувам, се сомневами заплакувам затоа што не наоѓам одговор.Срцето ме пече, па на искреноста и велам“Оди си, јас повеќе не ќе љубам.”
Но, само го лажам срцето,
а потоа безусловно му се извинувам
кога повторно ќе се заљубам
и ке дозволам да биде повредено.
Веќе скршено, пробувам да го составам
и повторно му велам
“Биди добро, јас повеќе не ќе љубам.”
Но, штом утрото осамна,
разумот повторно уморно од непреспаната ноќ заспа,
а срцето повторно се заљуби.
Се здружи , иако во сомнеж, со искреноста
и ете, пак се распарчи.
Некој повторно го искористи, си поигра и го отфрли.
Овој пат срцето крвари се посилно,
како со нож некој да ме беше забодел во сеуште ревката рана.
Па сега викам на цел глас во ветување
“Камен постани, јас повеќе не ќе љубам.”
There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!