Чекав, имав трпение.
36, Kumanovo, Macedonia

Што ни е потребно за да бидеме среќни?
Не ли и малите работи не прават задоволни?
За малку и ќе поверував во тоа, но со години, ти се менуваат и тачките на гледишта, заедно со интересите.
Чекав, имав трпение.Знаев дека еден ден ќе дојде се на свое место. Губев саати, денови, месеци, години.
Чекав, имав трпение.

Одеднаш ми текна на циганката што ја сретнав во Битола пред 15-тина години кога чекавме автобус за Крани.
Ми погледна во дланката, и рече:
-Слушај синко, имаш извонредно долга линија на живот!
Се насмевнав шеретски.
Тогаш го дигна погледот накај мене, ја наведна главата на спротивната страна, и продолжи:
-Но ти гледам во очите и дека имаш некаков нагон за самоуништување...чувај се од самиот себе си!
Ми испадна цигарата од уста. Останав така замислен добри 10-тина минути бидејќи у некоја рака имаше право, воедно си ветив самиот дека ке ја послушам циганкава.
Лажев.
Од тогаш судбината во неколку наврати си поигра со мене. Правев грешки кои што не беше лесно да се исправат. Но добив многу повише одколку што загубив.
Немам за што да жалам.
Освен за 5 загубени години кои што никогаш нема да се вратат.
Чекав, имав трпение.


А сказалките на часовникот се неуморни, тие не се ни гладни, ниту жедни. Вредно ја исполнуваат својата задача. Нешто налик на твојата линија на животот што секој ден ти се гледа се пократка, и пократка.

19 views
 
Comments

There are no comments yet.
Leave your comment, start the discussion!

Blog
Blogs are being updated every 5 minutes