Miki Cash Out Arsovski's blog

Miki Cash Out Arsovski
36, Kumanovo, Macedonia

Родени сме
за да блеснеме
па и на меко тло
да треснеме
остри ни се рабовите
но меки табовите
кога отвараме страници
меѓу нас и другите
галаксии и ветерници
котларници за нови Месечини,
Млечни патишта
и пасишта
без колци и меѓници

настапуваме
со аура во боја на минт и ванила
закачени сме на весников принт од свила
пишуваме
а аплаузот никогаш не стивнува
На бис!
На бис!
На бис!

Ѕвезди сме
и трепкаме низ ходниците на небото
не’ гасне само жедта
за постоење.


Кога Господ го создадил светот, одлучил на секој народ да му подари по две особини.
- ТакаШвајцарцитеги направил да бидат прецизни и послушни.
-Јапонцитеработни и стрпливи...
-Италијанцитевесели и романтични.
-Французитекултурни и рафинирани.
-Шпанцитетемпераментни и ритмични.
Кога стигнал доМакедонцитему рекол на ангелот:Македонцитеќе ги направам паметни, добри и врвни политичари.
После завршената работа ангелот му рекол наГоспод:
- Господе, на сите им даде по две особини а наМакедонцитетри.
- Хммм, имаш право. Но проблемот е во тоа што не можам да им одземам особина кога еднаш сум ја дал. Вака ќе направам,…


1. Шетање - 5 €
2. Шетање + држење за рака - 7 €
3. Бакнеж во јавност - 5 €...
4. Пакет од 5 бакнежи + држење за половина или врат + насмевка - 15 € (екстра додаток држење за газ со доплата од 3 €)
5. Ручек со вашите родители - 100 €
(гратис бакнеж на заминување)
6. Јавно бламирање(на пример: викање од зграда дека те сакам) - 80 €
7. Еден лајк на слика,песна или статус на фејсбук - 10 € (Поскапено е, јебига залади па сите дома на фб)
8. Срце на ѕидот - 5 €


Кога би знаел дека не ја сакам...
Здраво за готово јас би ја зел.
Би и ги симнал ловориките,
и би ја ранел со пелин.

Кога би знаел дека не ја сакам...
Би живеел за себе.
Би копал злато.
По клисурите на Мисисипи.
Од висините на Мачу Пичу
би вдишал свеж воздух
со половина гради.

Кога би знаел дека не ја сакам...
Или подобро,
кога не би ја сакал никогаш,
би и ги крател крилата,
би и ставил невидливи окови.
Ништо намерно, навидум.
Не би и рекол никогаш “Извини”.

Кога би знаел дека…


25.03.2012

Ги средувам мислите,ги одговарам многуте прашања во мојата глава,но секој одговор ми е празен,бесмислен.Зошто неможам да се откажам од неа?!Која е таа сила што ме држи во нејзините раце?!Зошто и покрај сите прекини,тешки моменти на осаменост и напуштања без збор,јас ја гледам како совршена?!Можеби само посакувам да е до мене,можеби се залажувам дека има чуства кон мене,можеби се изгубив во лавиринтот на сопствените чуства.Знам дека не сакам да ја изгубам,но незнам дали сакам повторно да го поминам истото,истата болка,солзи за истата особа.Кога би знаела дека не ја сакам,кога би знаела дека можам и без неа понатаму,би ми било многу полесно…


Што ни е потребно за да бидеме среќни?
Не ли и малите работи не прават задоволни?
За малку и ќе поверував во тоа, но со години, ти се менуваат и тачките на гледишта, заедно со интересите.
Чекав, имав трпение.Знаев дека еден ден ќе дојде се на свое место. Губев саати, денови, месеци, години.
Чекав, имав трпение.

Одеднаш ми текна на циганката што ја сретнав во Битола пред 15-тина години кога чекавме автобус за Крани.
Ми погледна во дланката, и рече:
-Слушај синко, имаш извонредно долга линија на живот!
Се насмевнав шеретски.
Тогаш го дигна погледот накај мене, ја…


Навистина не и верував на сопствените очи. Зарем и тие почнаа да ме лажат. Зарем и тие ќе ме напуштат. Но зошто? Зошто ми покажуваат слика која не ја сакам. Зошто ме лажат дека Таа веќе не е тоа што беше.
Јас не им верувам на сопствените очи кога ја ја гледам како заминува, кога ја гледам како се вовлекува во таа црна дупка од која излегува само мирисот на гнилежта и лошотијата. Зарем навистина ме лажат моиве очи кога ми велат дека и Таа станала иста како нив: расипана, лоша, проклета измамничка, на која човечкото месо и стана…


16.02.2012

Не можам да одолеам
Сакам негде да избегам
Негде далеку
Каде што не можат да ме видат
Каде што ќе бидам сам
Негде каде што нема да ме судат
Сакам толку многу
Не добивам ништо
Копнеам... копнеам по нешто
Не знам што е тоа
Знам дека еден ден се’ ќе биде готово
Еден ден се’ што сум посакал ќе избледе
Еден ден...
Но тој ден мојот копнеж ќе ме демнее
Мојата бледа слика, мојот блед израз
Моите бледи зборови ќе копнеат
Копнеам за љубов
Копнеам за успех
Копнеам за се’
До каде ќе стигнам?
Се прашувам, а одговор немам
Никогаш…


16.02.2012

Правам чекори во минатото
Сакам да те пронајдам
Каде те изгубив?
Каде ли згрешив?
Верував дека можам
Сакав да успеам
Те изгубив
И сега живеам во минато
Ако не ме знаеш до сега
Нема никогаш да знаеш кој сум
Јас нема да знам кој сум
Ќе живеам во минато
Со спомени и болка
Ќе живеам во минато
Со љубов и болка


Штом ѕвезда на небо ќе светне
Таа е тука во воздухот што го вдишуваш
Од ненадеж мисла ќе ти летне
Меѓу солзи име да и пишуваш.
Од возбуда слатка до болка ти ветува
Животот полетува, венее и расцветува.
Еден поглед, срцето ти кине,
Љубовта е непребол, што нема да мине.
Утрото го претвора во мрак!
Болката ја носи сончевиот зрак!
Од срцето сето зло го чисти,
Во душата пребарува и бистри.
Тогаш кога мислиш е КРАЈ,
А таа е тука, повторно во полн сјај.


← previous 1 2 3 4 5 ... 8 next
Blog
Blogs are being updated every 5 minutes